Top Sport

Солскјер: Англискиот не ми е мајчин јазик, па тешко ќе го изразам тоа што го чувствувам

Оле Гунар Солскјер призна дека неделата беше неговиот најлош ден како менаџер на Манчестер јунајтед по катастрофалниот 1:6 пораз, со што се израмни нивниот највисок пораз во ерата на Премиер лигата, како и низа други негативни рекорди.

Норвежанецот ја презеде одговорноста и вети дека ќе помогне клубот да се „крене“.

„Англискиот ми е втор јазик, така што е тешко да го искажам во зборови тоа што го чувствувам сега. Чувството е ужасно, најлош ден кој сум го имал како фудбалер и менаџер на Манчестер јунајтед. Бев дел од некои лоши порази во минатото и секогаш се враќавме, така што сега ќе ги пуштам момците на интернационалната пауза да се одморат и да го најдат тоа што недостасува. По ваков резултат потребно е да ги исчистиме умот и да гледаме напред. Понекогаш правиме грешки и тоа е дел од животот, а направивме многу грешки во еден меч и затоа бевме казнети. Не можеме да го прифатиме тоа. Јас сум одговорен за ова“, вели Солскјер.

Ваков пораз не се памети на „Олд Трафорд“ – Мурињо и Тотенхем ги уништија „ѓаволите“

Scroll to Top