Top Sport

Ањели за Јуве-Наполи: Ова е смешно, правилата се јасни

Како што се најавуваше мечот Јувентус-Наполи вечерва не се одигра, откако Наполи воопшто не отпатува за Торино по препораките на здравствените власти на областа Кампанија по позитивните тестови на КОВИД-19 на македонскиот репрезенатативец Елиф Елмас и на Полјакот Пјотр Зиелински.

Јувентус се појавија на теренот, почекаа да поминат 45 минути за судијата да прогласи крај на (непостоечкиот) меч, откако Серија А го одби барањето на Наполи мечот да се одложи. По ова, се очекува да има спор околу тоа дали Јуве треба да го добие мечот службено со 3:0.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го објасни ставот на италијанскиот шампион на телевизија.

„Тука сум бидејќи имаме право да го кажеме нашето мислење. Потребни ни се јасни правила. Има протоколи за вакви ситуации, кои беа предвидливи. Требаше да се следи протокот на Серија А, а не на локалните власти. Се слушнав со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис и неговата порака беше да се одложи мечот, што може да е легитимно барање, но само според правилата. Секоја индустрија има правила и ако не ги следиме, тогаш грешиме. Не е до мене да кажувам дали треба да се менуваат правилата“, вели Ањели.

Јуве се подготвува за меч кој нема да се одигра

Scroll to Top