Нов скандал во „режија“ на Александар Зверев му се заканува на Ролан Гарос. Контроверзите започнаа уште од моментот кога организаторите решија да не го откажат турнирот поради пандемијата на коронавирусот, туку да го префрлат во септември. Потоа на неколкумина тенисери им беше забрането учеството, бидејќи луѓе од нивите тимови биле позитивни на вирусот, иако тестовите на тенисерите биле негативни. Пред неколку дена полицијата отвори истрага за наводно наместен меч во женски дубл, а од вчера се шпекулира дека Зверев бил заразен, но сепак го одиграл мечот пртив Јаник Синер.
Медиумите се прашуваат дали Ролан Гарос ќе продолжи доколку денешниот тест покаже дека Зверев е заразен со корнавирусот. Германецот испадна од турнирот, мечот од Синер го загуби со 1:3 по три часа борба.
По мечот Зверев признал дека имал покачена температура и дека тешко дишел. Ова негово признание ги поттикна шпекулациите дека вирусот „влегол“ на Ролан Гарос.
„Болен сум, не можам да дишам, се забележува и по мојот глас. Не требаше да играм“, рекол Зверев.
Тестот што го направил Германецот во петокот бил негативен. Денес треба повторно да биде тестиран.