Петра Квитоа и Лаура Зигмунд избприја меѓусебен дуел во четврт-финалето на Ролан Гарос. Во осмина-финалето тие беа подобри од Шиау Женг односно Паола Бадоса .
Квитова за 79 минути ја победи тенисерката од Кина Женг со 6/2, 6/4.
Многу лесно Квитова стигна до 4:0 во првиот сет, откако два пати направи брејк, а откако во шестиот гем спаси брејк топка, стекна предност во сетови.
Во раната фаза на вториот сет таа уште еднаш и го одзеде сервисот на Женг, а потоа рутински го заврши мечот.
Германката Зигмунд го забележа најдобриот резултат на гренд слем турнирите. Таа во осмина-финалето одигра 93 минути против Бадоса и победи 7/5, 6/2.
Бадоса во првиот сет имаше преднот 5:3 и сервис за предност во сетови од 1:0, меѓутоа од тој момент нејзината игра се распадна. Зигмунд освои четири гема го доби првиот сет, а потоа без мака ја заврши работата во вториот сет.