Извршниот директор на Манчестер сити, Феран Соријано бара премиерлигашките клубови да добијат шанса да формираат Б-тимови кои би се натпреварувале во пониските англиски лиги, со што би се обезбедило спречување на голем број на млади англиски фудбалери да се селат во Бундеслигата.
Соријано бара да се воведе принципот на шпанскиот фудбал, каде што сите поголеми клубови имаат свои Б-тимови кои често стигнуваат и до втората шпанска лига. Британската влада бара од Премиер лигата да помогне на помалите клубови од Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), системот на лиги од втората до четвртата англиска лига поради тешката економска положба по пандемијата на корона вирусот.
Премиер лигата веќе преговара со ЕФЛ, но Соријано смета дека ЕФЛ системот е неоддржлив.
„Еден од предизвиците на ЕФЛ е тоа што се работи за бизнис кој е неоддржлив на долги патеки. Има преговори за подобрување на системот, воведување на ограничување на платата, но ниту тоа не е доволно. Друг проблем е да се развиваат младите англиски фудбалери кога не се дозволени Б-тимови. Момчиња кои имаат 17 или 18 години не можат да најдат место во големите клубови и ни ги земаат германските клубови кои ги продаваат назад по десетократна повисока цена. Ова е лудо нели?“, вели Соријано.