Top Sport

Бувач удри по Клоп: Јас го тренирав тимот, а тој даваше изјави

Жељко Бувач, во интервју за „Атлетик“, отворено го критикувал тренерот на Ливерпул Јирген Клоп. Бувач 17 години му беше помошник на Клоп во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, сега работи како спортски директор на Динамо Москва.

Бувач реши да го напушти стручниот штаб на Ливерул во октомври 2018 година. Причините зошто Клоп и Бувач ја прекинаа долгогодишната соработка никогаш не се откриени.

Сезоната кога Бувач замина од Ливерпул клубот ја освои Лигата на шампионите, а минатата сезона „црвените“ ја освоија и Премиер лигата.

„Никогаш не му честитав за освоените трофеи. 17 години јас бев тренер. Работе се, а тој даваше интервјуа. Ги имав сите овластувања во тимот, сакав да влијаам врз играчите колку што можев за да успееме. Не ми требаше вниманието кое го имаше Јирген. Работев во сенка“, рекол 59 годишниот Бувач.

Клоп во секоја прилика, додека работеа заедно, го фалеше својот помошник. За Бувач Клоп говореше дека е мозокот на целата операција.

Клоп и Бувач соработуваа на 726 натпревари.

Scroll to Top