Легендарниот поранешен капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин вели дека вината за слабите резултати на „ѓаволите“ и пеколниот 1:6 пораз од Тотенхем е само кај фудбалерите, нарекувајќи ги „блефери“ кои ќе го чинат неговиот поранешен соиграч, Оле Гунар Солскјер тренерското место.
Кин, кој беше капитен на Јунајтед од 1997 до 2005 година, вели дека Солскјер го очекува иста судбина како Жозе Мурињо поради односот на неговите фудбалери.
„Тоа што го покажаа против Спарси беше за срамота. Има премногу блефери во клубот и на крајот, тие ќе го чинат Оле работата. Тие го фрлија претходниот менаџер под автобус и ќе го направат истото и со Оле. Срамота“, вели Кин.