Top Sport

Примивме смешен гол, па Велковски се оправда – Македонија повторно води (2:1)

Косово успеа да израмни на 1:1 во полуфиналето од баражот за пласман на Евро 2021, користејќи ја катастрофалната грешка на нашиот голман Столе Димитриевски и на Дарко Велковски во 28. минута, за само четири минути, Велковски да се врати со гол за 2:1.

Во 29. минута, Димитриевски излета на работ на шестнаесетникот и бидејќи не можеше да ја фати топката со раце му ја остави на Велкоски, кој ја упати топката директно кај Флорант Хадерѓонај, кој од огромна далечина со лоб удар ја смести топката во голот.

Во 33. минута, по одличното нафрлање на Енис Барди од слободен удар, Велковски беше највисок во скокот за 2:1.

Фото: УЕФА

Малку среќа и 1:0 за Македонија по 15 минути игра!

Scroll to Top