Актуелните шампиони и најдоминантниот Формула 1 тим во последните четири години, Мерцедес го претстави својот болид со кој ќе ја брани титулата, со име В09.
Светскиот шампион Луис Хамилтон и неговиот колега Валтери Ботас го претставија новиот болид на патеката Силверстоун, по што се извозеа неколку кругови за снимање на реклами. Хамилтон по првото гледање на В09 во едно парче вели дека се работи за „уметничко дело“.
„Ова е највозбудливиот дел од 2018 досега, да се види целиот болид заедно. Го следев развојот на болидот последните осум месеци и секогаш е импресивно да се види сè на едно место. Ова е уметничко дело. Ја почнувам шестата сезона со тимот и уште сум воодушевен од нашите успеси. Толку многу луѓе, толку многу подвижни делови кои со со помош на генијалноста стануваат ваков прекрасно изделкан болид. Неверојатно“, вели Хамилтон.
Најпрепознатливата разлика на Мерцедес е „покомпактниот“ заден дел на болидот, но В09 има и повисоко задно крило со кое ќе се обидат да се решат проблемите на одредени патеки на „Сребрената стрела“. Техничкиот директор Џејмс Елисон вели дека основата на болидот е „стабилна“.
The long hours, the late nights, the work of 1,500 people…
This! This is what it’s all about! ?#DrivenByEachOther #F1 pic.twitter.com/NSKqiwYLyk
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 22, 2018
„Оската на тркалата е иста како лани, бидејќи тоа ни донесе предност во 2017 и ќе биде наша сила оваа година. Се надеваме дека ги решивме проблемите и дека болидот ќе се однесува понормално“, вели Елисон.
Мерцедес нема пораз во шампионатот од воведувањето на В6 моторите во 2014 година и оваа година се обидуваат да станат прв тим по Ферари (од 2000 до 2004) кој освоил пет титули во низа. Пет титули се целта и на Луис Хамилтон.
Мерцедес не ја пропуштија шансата да ги „поздрават“ ривалите од Ферари кои денеска го покажаа својот болид.
You didn’t think we’d miss this, did you @ScuderiaFerrari! ???
A big hello to our friends in Italy, also launching their 2018 racer today! pic.twitter.com/ivXsOEbZ8W
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) February 22, 2018