Top Sport

Се разделија Вори и ППД Загреб

Прославениот хрватски ракометар Игор Вори повеќе не е тренер на ППД Загреб, објави клубот. Вори на клупата на ППД Загреб дојде на местото на Веселин Вујовиќ, во клубот се задржа четири месеци.

Вори го предводеше ППД Загреб на пет официјални натпревари и не успеа да забелеи ниту една победа. Особено во Загреб ги боли поразот од Варда во полу-финалето на завршниот турнир во СЕХА лигата. Загреб на 10 минути до крајот имаше 24:18, но на крајот Варда го доби натпреварот.

ППД Загреб веднаш објави дека нов тренер ќе биде Владо Шола, тој ќе дебитира наредната среда против Барселона во Лигата на шампионите.

Scroll to Top