Top Sport

Модриќ одбил три понуди да замине од Реал

Три понуди пристигнале во реал Мадрид за Лука Модриќ последниот ден од преодниот рок. Реал и Мордиќ ги одбиле сите понуди.

Манчестер сити се распрашувале за Модриќ, но и за Иско, а понуди за хрватскиот капитен доставиле Тотенхем и Интер.

Договорот со Реал на Модриќ му истекува по завршувањето на оваа сезона. Тој самиот во неодамнешното интервју за „Марка“ рекол дека би сакал кариерата да ја заврши во Мадрид, што значи дека очекува Реал да му понуди нов договор, на една или две години.

Зидан се уште не се изјаснил но е свесен дека Модриќ може уште многу да придонесе на теренот. Тренерот на пазарот бара долгорочна замена за Модриќ, а според медиумите тоа ќе биде тинејџерот од рен Едуардо Камавинга.

Scroll to Top