Омар Берада, еден од директорите на Манчестер сити, признава дека тимот ќе се обиде да го привлече Лионел Меси од Барселона во 2021 година, откако не им успеа храбриот обид да му дадат договор на Аргентинецот по неговата желба да замине од „Ноу Камп“.
Бидејќи договорот му завршува во текот на летото 2021, Меси веќе во јануари ќе смее да преговара со други клубови, и во Сити веруваат дека имаат финансиска сила да го направат овој трансфер.
„Се работи за неверојатен талент, за човек кој може да направи неверојатно влијание во било кој клуб на светот. Тој е најдобриот на светот, најдобриот во неговата генерација и секој клуб би сакал да го има кај себе. Тоа што тој појави желба да дојде во Сити само го покажува растот на нашиот клуб. Тешко е да се предвиди што ќе се случи до следното лето, но ние имаме одредени планови и мораме да бидеме подготвени за секоја ситуација“, вели Берада за весникот „Манчестер ивнинг њуз“.