Top Sport

Петочните тренинзи во Нирбургринг откажани, Шуми Јуниор ќе почека за деби

Двата петочни тренинзи за Ајфел ГП трката на славната патека Нирбургринг во Германија беа откажани поради лошите временски услови, со што синот на Ф1 легендата Михаел Шумахер, Мик Шумахер ќе мора да почека пред да го има дебито во Формула 1.

Во петокот наутро сесијата беше откажана откако немаше услови да полета медицинскиот хеликоптер, дождот и температурите од 10 степени не дозволија да се оддржи ниту втората сесија.

„Поради маглата, медицинскиот хеликоптер не можеше да полета, а најблиската болница до патеката е на 20 километри, и тоа значи дека не е доволно достапна со автомобил. Безбедноста на нашите возачи е најважна“, вели директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси.

Мик Шумахер требаше да дебитира на тренингот за тимот на Алфа Ромео по шпекулациите дека следната сезона ќе добие место во тимот. Во отсуство на акција, тој имаше интересна дружба со Себастијан Фетел, кој му ја покажа кацигата која ја посветува на неговиот татко, седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.

Scroll to Top