Top Sport

Надал го освои Ролан Гарос – Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП листата

Рафа Надал вчера го декласира Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос меѓутоа српскиот тенисер ја зголеми предноста во однос на Шпанецот на АТП листата. Надал ги одбрани ланските поени во финалето, додека Ѓоковиќ освои нови 480 поени бидејќи лани испадна во четврт-финалето.

Ѓоковиќ денес ја започна 290 недела на челната позиција на АТП листата. Што и да се случи до крајот на сезоната тој годината ќе ја заврши на првото место. Доколку продолжи во овој ритам Ѓоковиќ во март наредната година треба да го престигне рекордот на Федерер кој 310 недели во кариерата бил број 1.

Најголем скок на АТП листата направи полу-финалистот од Париз Диего Шварцман. Аргентинецот прв пат во кариерата е во Топ 10, тој се наоѓа на осмата позиција.

Прв пат меѓу најдобрите десет во светот е и Андреј Рубљов од Русија, кој на Ролан Гарос испадна во четврт-финалето од Стефанос Циципас. Грчкиот тенисер е на позицијата број 5.

Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11.740
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9.850
3. Доминик Тим (Австрија) 9.125
4. Роџер Федерер (Швајцарија) 6.630
5. Стефанос Циципас (Грција) 5.925
6. Данил Медведев (Русија) 5.890
7. Александар Зверев (Германија) 4.650
8. Диего Шварцман (Аргентина) 3.180
9. Матео Беретини (Италија) 3.075
10. Андреј Рубљов (Русија) 2.974

Scroll to Top