Садио Мане и Тијаго Алкантара ќе му бидат на располагање на својот менаџер Јирген Клоп за натпреварот со Евертон. Мерсисајд дербито ќе се одигра во сабота, а домаќин ќе биде Евертон.
Садио Мане и Тијаго Алкантара започнале со тренинзите откако изминатите две недели беа во самоизолација. Тестовите на коронавирусот кај двајцата биле негативни.
Градското дерби најверојатно ќе го пропушти Наби Кеита кој и понатаму се наоѓа во каратин.