Top Sport

Скопје круг 2017: Победници Василевски, Радојковиќ и Бериша

фото/carclub.mk

Скопје во неделата по пауза од седум години беше домаќин на кружните трки. Настанот наречен „Скопје круг 2017“ мина во знакот на тешкиот инцидент во последната трка – „Дивизија 4“, кога возачот Урош Бркиќ ја загуби контролата врз своето возило и удри во луѓето од организацијата на трката.

Пред да се случи инцидентот во осмиот круг во „Дивизија 4“ беа комплетирани трките кои беа предвидени со програмата. Победници се Филип Василевски, Алекса Радојковиќ и Арбен Бериша.

Во „Дивизија 1“ победи Василевски од АКК „Никола Карев“. Зад него трката ја завршија неговите клупски колеги Филип Џуклески и Никола Попевски.

Алекса Радојковиќ од „Ауто Ројал“ победи во „Дивизија 2“ пред Југослав Милошевски од АКК „Никола Карев“ и Васил Тодоров од АКК „Примо авј“.

Арбен Бериша од АК „Призрен“ победи во трката во „Дивизија 3“. Зад него се пласираа Бурим Аслани од АК „Феризај“ и Марин Делев од „Кастон Кар Рејсинг“.

Scroll to Top