Најголемата ѕвезда на Евролигата и најплатениот кошаркар, Никола Миротиќ е најновиот спортист кој е откриено дека е позитивен на коронавирусот. Тој на својот Твитер профил напиша дека нема да настапи на следниот меч за својата Барселона.
Кошаркарот роден во Подгорица кој е поранешен репрезентативец на Шпанија е во изолација, но испрати порака дека е добро.
„Сакам на сите да им кажам дека сум позитивен на коронавирусот и за жал нема да настапам на денешниот меч. Добро се чувствувам и ги следам инструкциите на лекарите. На соиграчите им посакувам многу среќа, ќе навивам од далечина“ напиша крилниот центар на Барса.
Quiero contaros que he dado positivo por COVID19 y desgraciadamente no podré estar en el partido de hoy. Me encuentro bien y estoy siguiendo las indicaciones médicas. Quiero desear mucha suerte a mis compañeros, les apoyaré desde la distancia! #ForcaBarca
— Nikola Mirotic (@NikolaMirotic33) October 13, 2020
Миротиќ со сигурност ќе го пропушти и мечот што Барселона за два дена треба да го игра против Панатинаикос. Освен Миротиќ, заразен со вирусот беше и човек во стручниот штаб.
Инаку европската кошарка е во проблеми, веќе се откажани евролигашките дуели на Зенит со Валенсија, односно Басконија затоа што руската екипа има голем број позитивни на вирусот.