Томас Парти поради „возбудливите планови“ на Микел Артета решил да се пресели во Арсенал. Клубот од Лондон последниот ден од преодниот рок ја активираше клаузулата од 50.000.000 евра и го откупи неговиот договор од Атлетико Мадрид.
Томас Парти кој со Арсенал потпиша договор до 2025 година во вторникот прв пат се појавил во клупскиот тренинг-центар.
„Артета имаше важна улога во мојот трансфер. Тој и техничкиот директор Еду ми ги раскажаа нивните планови, сето тоа ми делуваше возбудливо, морав да ја прифатам понудата“, рекол 27 годишниот фудбалер.
„Артета ме гледал како играм, знае како можам да придонесам. Ќе морам бргу да се прилагодам, да му покажам дека сум подготвен“.
Томас би требало да дебитира за Арсенал викендов кога „топџиите“ ќе гостуваат кај Манчестер сити.