Top Sport

Заре Марковски со Романија победи во Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Романија 58:56 успеа во Задар да ја победи Хрватска во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство.

Романците кои од клупата ги предводи Заре Марковски се вратија од негативата од 12 поени која ја има на почетокот на третата четвртина, но Романците најпрвин ја стигнаа таа предност, а на 150 секунди до крајот по тројката на Мандаке имаа 46:54.

Хрватите сепак се вратија во мечот, благодарение на лошата реализиција на романските кошаркари од линијата за слободни фрлања. Имаа можност домаќините и за го добијат мечот, но Крушлин во последната секунда промаши шут за три поени.

Токму шутот за три поени е причината за поразот на Хрватите, кои погодија само два од 26. обиди.

Кути ја предводеше Романија со 16 поени, Каце уфрли 13, додека кај Хрватска најистакнат беше Периќ со 19 поени и 12 скока.

По три кола Хрватска има три порази, а Романија пораз и две победи. Во четвртото коло, в недела Хрватска ќе ја пречека Холандија, а Романија ќе игра против Италија.

фото/fiba.com

Scroll to Top