Top Sport

Клајн го напушти Ливерпул, се врати во Кристал Палас

Поранешниот англиски репрезентативец Нетаниел Клајн по осум години се врати во Кристал Палас, со клубот тој потпишал договор до 31 јануари 2021 година.

Клајн кариерата ја започна во Кристал Палас, во периодот од 2008 до 2012 година одиграл 137 натпревари.

Потоа се сели во Саутемптон, во јули 2015 година потпишал договор со Ливерпул.

На „Енфилд“ пристигна како еден од најдобрите играчи на својата позиција во Премиер лигата меѓутоа поради честите повреди не успеа да му се наметне на Јирген Клоп.

Минатата сезона како позајмен играч го носеше дресот на Бортнмут.

За репрезентацијата на Англија одиграл 14 натпревари.

Scroll to Top