Top Sport

Вилшир нема да се врати во Арсенал

Џек Вилшир нема повторно да го облече дресот на Арсенал, пренесува „Експрес Спорт“. Според овој извор менаџерите на фудбалерот се обиделе да го вратат 28-годишниот фудбалер во неговиот матичен клуб, меѓутоа клупските челници ја одбиле понудата.

Вилшир е слободен играч откако го раскина договорот со Вест Хем. Тој има можност до 17 октомври да потпише договор со некој клуб од Англија.

Минатата сезона за Вест Хем настапил на 19 натпревари. Во кариерата за Арсенал одиграл 125 натпревари, постигнал седум голови.

Scroll to Top