Капитенот Стојанче Стоилов го предводеше Вардар до импресивна 31:26 (17:15) победа над Флензбург, за македонскиот шампион, конечно, да се врати во ЕХФ Лигата на шампионите по одложувањето на претходните два меча.
Гладен за ракомет и за победи, тимот на Стевче Алушевски, одигра одличен меч против германскиот фаворит, кој досега имаше три победи во три меча во ЛШ, контролирајќи го мечот и стигнувајќи до импресивна победа, прва во новата сезона.
Натпреварот не започна најдобро за „црвено-црните“, откако гостите стартуваа со 0:2, но потоа веднаш се вратија за да го преземат водството со 4:2, водство кое се оддржуваше во првите 20 минути, пред германскиот клуб да израмни на 10:10. На полувреме, Вардар отиде со два гола предност 17:15 предводен од расположениот и оздравен капитен Стојанче Стоилов.
Флензбург успеа да израмни на стартот на второто полувреме, но потоа Вардар го „крена“ нивото и направи пет гола разлика на 10 минути пред крајот (27:22) за да се осигура победата.
Стоилов заврши со фантастични 8 гола, Кристијан Дисингер и Ловро Јотиќ додадоа 4, а по три постигнати гола имаа Дибиров и Чупиќ. Кај гостите, Горан Јохансен имаше 6 постигнати гола.
Првата победа по два порази (од Мешков и Флензбург), стигна и Пари Сен-Жермен, триумфирајќи убедливо со 35:29 над Елверум, додека Порто исто така забележи убедлива победа над унгарскиот Пик Сегед од 25:19.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А
Вардар – Флензбург 31:26 (17:15)
Порто – Пик Сегед 25:19 (15:10)
Пари Сен-Жермен – Елверум 35:29 (17:13)
Табела: 1.Кјелце 6, 2.Флензбург 6, 3.Порто 4, 4.Мешков Брест 4, 5.ПСЖ 2, 6.Вардар 2, 7.Елверум 2, 8.Пик Сегед 0
Фото: РК Вардар 1961 / Denis Dukovski
.@HCVardar are in command vs @SGFleHa and saves like this one from 19-year-old Marko Kizic are certainly helping ? #ehfcl pic.twitter.com/CJJamoCnwN
— EHF Champions League (@ehfcl) October 15, 2020