Карло Анчелоти вели дека неговиот Евертон, кој неочекувано се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата, ќе дознае колку навистина е добар во саботното Мерсисајд дерби против актуелните шампиони од Премиер лигата и градски ривали, Ливерпул.
„Карамелите“ играат препородено под Анчелоти оваа сезона со стоотстотен успех во сите натпреварувања, вклучувајќи четири победи во четири меча во лигата и италијанскиот стручњак не бега од соочување со тимот на Јирген Клоп.
„Мислам дека ќе биде добро за нас да имаме ваков тест. Тие се најдобрите, беа најдобри минатата сезона, така што предизвикот е огромен. Пораката која можеме да ја пратиме е дека ќе има возбудлив натпревар. Дербито секогаш е такво. Ќе бидеме самоуверен и среќни што сме на теренот“, вели Анчелоти.
Иако Ливерпул во претходното коло загубија со зачудувачки 7:2 од Астон вила, Анчелоти вели дека тој резултат нема никаква врска со мечот.
„Не размислуваме за тоа што се случило во претходниот натпревар, бидејќи Ливерпул секогаш играат со интензитет и квалитет“, додава Анчелоти.