Top Sport

Куман за Гризман: Секој има право да зборува што сака, но јас ги давам наредбите

Тренерот на Барселона, Роналд Куман му одговори на Антоан Гризман откако францускиот репрезентативец изјави дека сака да игра на позицијата на „деетка“, порачувајќи му дека ќе продолжи да биде поставуван на десната страна и дека тој треба да докаже дека тренерот греши.

За време на интернационалната пауза, прво францускиот селектор Дидие Дешам изјави дека Гризман е несреќен во Барса, а потоа по победата над Хрватска (2:1), самиот Гризман изјави дека Дешам „знае каде треба да го постави на теренот“.

Куман не реагира на критиките и вели дека самиот Гризман е одговорен да ја пронајде најдобрата форма.

„Секој има право да кажува што сака. Зборував со Антоан вчера бидејќи сакав, а не поради тоа што го кажа. Му порачав дека го сакам најдоброто за тимот и знам дека може да игра на десната страна без проблеми. Секој фудбалер е одговорен да ги подобри своите перформанси. Тој работи напорно, има одлична дисциплина и сега му треба малку среќа во финишот на акциите. За неговата позиција на теренот, се сеќавам кога бев холандски селектор и на мечот со Франција играше на десната страна. Тренерот ги дава наредбите. Немам проблем со Антоан, го сакам најдоброто за тимот и клубот. Знам дека можеби тоа е позицијата на која ој сака да игра, но не можеме да играме со двајца фудбалери со улога на ‘десетка’“, вели Куман.

Гризман од Загреб му испрати порака на Куман

Scroll to Top