Top Sport

Чачо Родригез МВП на четвртото коло

Организаторот на играта на Армани Милано, Серхио Чачо Родригез, го обележа четвртото коло во Евролигата. Чачо го предводеше Армани до победата над својот поранешен клуб Реал Мадрид 78:70.

Шпанскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 25 поени и седум асистенции. Со 37 индексни поени тој е најдобриот играч во ова коло.

Родригез беше подобар од Јан Весели (индекс 33) и Брајан Данстон (индекс 30).

Најдобар стрелец во ова коло беше Мајк Џејмс кој во поразот на ЦСКА од Алба постигна 27 поени, додека најдобар асистент е Василиј Зајцев, кој во поразот на Химки од Басконија имаше осум успешни додавања.

Девин Букер и Костас Митоглу со 12 скокови беа најдобри во оваа статистичка категорија.

Scroll to Top