Манчестер сити забележаа минимална победа протв Арсенал во петтото коло, во англиската Премиер лига.
Двата тима имаа свои шанси, на крајот разликата ја направи голот на Рахим Стерлинг во 23 минута. Крилниот напаѓач на „граѓаните“ внимателно ја следеше акцијата на Фил Фоден, чии удар го одбрани Берн Лено, а потоа Стерлинг ја прифати топката и ја смести во голот.
Арсенал во првиот дел не искористи две големи шанси, два пати Едерсон излезе како победник во дуелите со Букајо Сака. На спротивната страна најголемата шанса за Сити ја пропушти Фоден.