Top Sport

Буфон рекордер – повеќето од соиграчите не биле родени кога тој дебитирал

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон со 42 години и 9 месеци стана рекордер во Серија А по бројот на настапи.

На вчерашниот меч кој „Старата дама“ го одигра кај Кротоне (1:1) во четвртото коло од Серија А, Џиџи го одигра својот 650-ти меч во најквалитетното италијанско друштво.

Буфон дебитираше во лигата пред 25 години. Колку е тоа одамна доволно говори податокот што 7 од десетте соиграчи на вчерашниот меч се уште не биле родени кога голманот застанал меѓу стативите, далечната 1995 година.

Демирел, Артус, Бентакур, Киеза, Фработа, Кулушевски и Портанова на свет дошле по дебито на „Гранце Џиџи“.

Останатите тројца кои биле родени кога Буфон дебитирал во првата лига, Бонучи тогаш имал 8 години, Данило имал 4, а Мората 3 години.

Scroll to Top