Тотенхем предводен од „дефанзивниот“ Жозе Мурињо испушти предност од 3-0 на свој терен, па Вест Хем стигна до 3-0 во последните 10 минути од мечот.
Тотенхем отвори уште во 16 минута со голот на Сон Мин на асистенција на Кејн, а кратко потоа ги сменија улогите за водство од 2-0. И третиот гол беше дело на Кејн, на асистенција на Регуилон.
Во вториот дел Мурињо ја повлече екипата поназад чекајќи да дојде крајот на дуелот.
Големото враќање на Вест Хем тргна во 82 минута кога Балбуена намали на 3-1. Поради автоголот на Санчез, веќе во 85 минута гостинот дојде на 3-2.
Конечните 3-3 ги постави Мануел Ланзини со еврогол од 30 метри, во 94 минута од мечот.
Претходно, Кристал Палас и Брајтон ремизираа 1-1.