Рускиот ММА борец, Умар Нурмагомедов, бил хоспитализиран поради респираторни проблеми. Умар, поради покачена телесна температура и отежнато дишење бил примен во болницата во Дубаи. Неговиот меч со Сергеј Морозов е откажан.
Умар Нурмагомедов е близок роднина на славниот Хабиб Нурмагомедов. Умар е дел од тимот на Хабиб кој викендов има борба за светската титула против Џастин Гејџи.
Од тимот на Хабиб Нурмагомедов соопштиле дека тој е здрав, дека се чувствува добро и дека сигурно ќе се бори со Гејџи.