Годините не му пречат на Златан Ибхаимовиќ да биде лидер на својот тим, Милан. Поранешниот репрезентативец на Шведска неодамна наполи 39 години и не размислува да се пензионира.
Ибрахимовиќ, во саботата, со два гола го реши градското дерби со Интер. Милан по четири кола со максимален број на бодови ја предводи табелата со Серија А.
Менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Рајола, планирал да ги отвори преговорите со клубот околу новиот договор. Рајола од Милан ќе бара нов две годишен договор за својот клиент.
Ибрахимовиќ има желба кариерата да ја заврши во дресот на Милан. Доколку се договор со клубот тоа значи дека во пензија ќе замине како 41-годишник.
Италијанските медиуми шпекулираат дека челниците на Милан, одлуката околу продолжувањето на соработката со Ибрахимовиќ, ќе ја донесат на пролет.