Килијан Мбапе го опиша Маркус Рашфорд како еден од најопасните англиски фудбалери пред пресметката на Пари Сен-Жермен со Манчестер јунајтед во првото коло од Лигата на шампионите во вторник.
Ова ќе биде најголем „тест“ на тимот на Оле Гунар Солскјер во новата сезона, бидејќи ПСЖ минатата сезона стигнаа до финалето на Лигата на шампионите, а секако ќе сакаат и одмазда за незгодниот пораз и елиминација од Јунајтед во ЛШ пред две сезони токму на „Паркот на принцовите“.
„Се работи за еден од најопасните фудбалери во Англија. Пол Погба секогаш зборува колку тој е посебен, а верувајте Пол не зборува често така за другите“, вели Мбапе.
Тој исто така е воодушевен од работата на Рашфорд за поддршка на сиромашните семејства во Велика Британија преку програмата за исхрана во школите, за што дури доби признание од кралицата добивајќи МБА награда.
„Да се бориш со толку важно прашање како детската сиромаштија е нешто најдобро што некој може да го направи. Затоа имам огромна почит за неговата желба за вистинска промена, и што дава сигнал до другите фудбалери дека можат да направат добро“, додава Французинот.