Џенова успеа да извлече 0:0 реми кај Верона во првиот меч за клубот по три недели по пандемијата на корона вирусот, поради која дури 13 членови на нивниот тим уште се позитивни на КОВИД-19.
Џенова потврдија дека клубот немал тренинзи пет дена поради ситуацијата, но сепак го одигра мечот на „Бентегоди“, каде што Горан Пандев ја имаше најубавата шанса за гол во 33. минута, кога голманот Марко Силвестри имаше одлична одбрана. Македонскиот капитен излезе од игра во 79. минута од мечот.
Ова беше само трет меч за Џенова во Серија А оваа сезона и тие имаат освоено четири поени, додека Верона по четири меча има седум поени.