Барселона и Јувентус идната среда во второто коло од ЛШ ќе се судрат во Торино. Тоа требаше да е првиот двобој меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо откако Португалецот го напушти Реал Мадрид во 2018 година.
Сепак, Роналдо и понатаму е позитивен на Ковид 19, па неговиот настап против Барса е неизвесен.
Меси пред саботното „Ел Касико“ во интервју за тв „ДАЗН“ се осврна и на дуелот против Јуве.
„Двобоите со Роналдо секогаш беа и секогаш ќе бидат посебни и ќе траат засекогаш. Игравме во големи екипи каде очекувањата се големи и засекогаш ќе ги паметам дуелите со него. Мислам дека навивачите на Реал и Барса, но и неутралните уживаа. Тоа беше вистинско шоу и се надевам дека ќе понудиме уште такви емоции. На Кристијано му посакувам брзо опоравување и ќе ми биде драго ако е подготвен за в среда на нашиот меч во Торино“ рече Лео Меси.