Top Sport

Арсенал „разбиен“, Гвардиола со прва титула со Манчестер сити (видео)

Манчестер сити е освојувач на Карабао купот, или англискиот лига куп, откако во едностран меч на „Вембли“ со 3:0 ги совладаа Арсенал за на тренерот Пеп Гвардиола да му ја донесат првата англиска титула во само втората сезона на чело на тимот од „Етихад“.

Серхио Агуеро постигна фантастичен гол по 18. минути игра, но Арсенал беа релативно израмнет тим во првото полувреме, пред во второто да доживеат апсолутен колапс. Винсен Компани во 58. минута зголеми на 0:2, пред само седум минути подоцна Давид Силва да стави крај на сите надежи за кам-бек на „топчиите“.

Гвардиола лани во првата сезона на чело на Сити не успеа да освои титула по фантастичниот старт на сезоната и просечниот втор дел, но оваа година е на добар пат барем да освои двојна титула во Англија, со огромна предност во Премиер лигата, но и со исфрлање од ФА купот (пораз од Виган). Сити уште се во игра и во Лигата на шампионите, откако во првиот меч со 0:4 ги совладаа Базел.

Од другата страна, Арсен Венгер сè потешко ќе ја задржи својата работа на крајот на сезоната кога ќе има „преглед“ на неговата работа, откако ја изгубија најголемата шанса за трофеј оваа сезона. Тоа го покажа и фактот што повеќето навивачи на „топчиите“ си заминаа од „Вембли“ предвреме.

Scroll to Top