Top Sport

Лош ден за Вардар – Нант го „покоси“ шампионот

По првиот пораз на ЖРК Вардар во Лигата на шампиони, им дојде ред и на европските шампиони, Вардар, кои загубија со 27:26 на гостувањето во Нант, Франција. Ова е прв пораз за Вардар по сензационалното освојување на титулата од ЛШ минатата година, по што победничката низа продолжи и во новата сезона.

Вардар имаше лош ден на гостувањето кај тимот на Кире Лазаров, кој не беше во составот, откако од почетокот на мечот постојано губеше, со дури осум гола разлика, за сепак, да обезбеди возбудлив финиш на мечот, намалувајќи ја предноста на Французите на 2 и на крајот на 1 гол.

Вардар со реми ќе го обезбедеше првото место во групата, но поразот нема многу да биде важен за европските амбиции на „црвено-црните“, кои сега ја пречекуваат Висла Плоцк следниот викенд во Скопје.

Едуардо Гурбиндо постигна осум гола за Нант, додека пет имаше Германецот Доминик Клајн, додека во нашиот состав, Тимур Дибиров имаше шест гола, а четири додаде Лука Циндриќ.

Scroll to Top