Првиот меч од петтото коло на Серија А ни донесе еден неверојатен меч помеѓу Сасуоло и Торино, и тоа не поради 3:3 ремито со еден куп пресврти, туку поради густата магла која на моменти го правеше мечот невозможен за следење.
Иако беше јасно дека многу услови за фудбал нема, судијата Марко Гвида одлучи мечот да се одигра, и на крајот домаќините успеаја да останат непоразени оваа сезона во бизарен меч на „Мапеи“, а Торино на Марко Џампаоло по четири меча има само еден поен.
Карол Линети пронајде пат низ густата магла во 33. минута да донесе водство на „биковите“, а Сасуоло успеа да израмни преку Филип Ѓуричиќ во 71. минута, кога маглата покажа малку милост за фудбалерите.
Потоа следуваше лудиот пресврт – Торино успеа да поведе со 1:3 со головите на Белоти и Лукиќ за само две минути (77. и 79.), пред Сасуоло да врати со два гола исто така за две минути преку Влад Кирикес и Франческо Капуто.