Маркус Турам, синот на француската фудбалска легенда Лилијан, постигна два гола за Борусија Менхенгладбах, но тоа не беше доволно да се извлече победа над Реал Мадрид, откако Касемиро со асистенција и гол во последните три минути извлече 2:2 реми.
За Зидан ова е уште еден незгоден резултат, по поразот во првото коло од Лигата на шампионите дома од (2:3), и притисокот се зголемува на тренерот и покрај тоа што го доби „Ел класико“ на „Ноу Камп“.
Турам стрелаше во 33. и 58. минута за „ждребињата“ да стигнат до 2:0 водство, кое до крајот на мечот, „кралевите“ прво успеаја да го намалат преку Карим Бензема во 87. минута, пред Касемиро во 93-тата минута да спаси голем поен за „кралевите“.
Супер-интересно беше на првиот меч од ЛШ во Бергамо, каде што Аталанта губеше со 0:2 од Ајакс откако прими два гола за осум минути во првото полувреме, но Дуван Запата со два гола врати за 2:2 реми. Во истата група, Ливерпул со 2:0 го совлада данскиот аутсајдер Митјиланд со головите на Диого Жота и Мохамед Салах (од пенал) , но најголемата грижа беше повредата за Фабињо, уште една главоболка за Јирген Клоп.
Жоао Феликс со два гола ги „спаси“ Атлетико Мадрид, носејќи им возбудлива 3:2 победа на „Ванда метрополитано“ над Ред бул Салцбург, додека Манчестер сити без мака со 3:0 го совлада Марсеј на „Велодром“.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
ГРУПА А
Локомотив Москва – Баерн Минхен 1:2
Атлетико Мадрид – Салцбург 3:2
ГРУПА Б
Шахтјор Доњецк – Интер 0:0
Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид 2:2
ГРУПА Ц
Марсеј – Манчестер сити 0:3
Порто – Олимпијакос 2:0
ГРУПА Д
Аталанта – Ајакс 2:2
Ливерпул – Митјиланд 2:0
БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ – РЕАЛ МАДРИД
АТАЛАНТА – АЈАКС
ЛИВЕРПУЛ – МИТЈИЛАНД
МАРСЕЈ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
АТЛЕТИКО МАДРИД – САЛЦБУРГ
ПОРТО – ОЛИМПИЈАКОС