Дани Себаљос ѕвездата на Европското првенство за играчи до 21 година, минатото лето беше еден од двајцата играчи со кои се засили мадридски Реал, седум месеци по трансферот сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Весникот „Марка“ пишува дека Себаљос му соопштил на претседателот Флорентино Перез дека сака трансфер во друга екипа.
Според истиот извор во моментов Ливерпул бил сериозно заинтересиран за неговите услуги. Себаљос смета дека преселбата на „Енфилд“ би била идеална за неговата понатамошна кариера.
Дани Себаљос по завршувањето на Европското првенство за играчи до 21 година имаше понуди од двата најголеми шпански клуба Реал и Барселона. Тој го избра Реал но не успеа да му се наметне на тренерот Зинедин Зидан.
Од почеток на сезоната Себаљос има одиграно 18 натпревари, но во Примера на теренот минал само 203 минути.
Овој играч има постигнато два гола во Примера и двата на натпреварот со Алавес.