Најбрзиот човек во светот, атлетичарот Јусеин Болт, неодамна најави дека ќе си ја оствари долгогодишната желба и дека ќе стане фудбалер. Тој потишал договоро со шампионот на Јужна Африка Мамелоди сандаунс, но шансата да игра фудбал ќе ја добие во хуманитарен меч.
Откако „крена прашина“ со најавата дека ќе игра фудбале, Болт откри дека ќе настапува за „Сокер АИД“ на хуманитарниот натпревар што на 10.јуни ќе се одигра на стадионот „Олд Трафорд“.
Овој натпревар од 2006 година стана традиција и негова цел е да се соберат сретства за УНИЦЕФ за сиромашните деца низ целиот свет.
Покрај Болт во „Сокер АИД“ тимот ќе настапат и други славни личности меѓу кои ќе биде и британската поп ѕвезда Роби Вилијамс. Другиот тим од клупата ќе го предводи Жозе Мурињо, а на тереното ќе бидат Роналдињо, Зинедин Зидан…
Се очекува од продажбата на билети да бидат собрани 20 милиони евра.