Top Sport

Сандаунс веќе го потврдија Болт?

Јужноафриканскиот фудбалски клуб Мамелоди сандаунс најавија дека тие го обезбедиле потписот на најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт.

Сандаунс, кои се на првото место во Премиер дивизијата во Јужна Африка, објавија фотографија на поранешниот спринтер во клупските бои со наслов „Фудбалот никогаш нема да биде ист, дознајте повеќе утре во 8 часот наутро“.

Ова доаѓа откако Болт на социјалните мрежи уште во неделата објави дека потпишал за фудбалски клуб со најава за во вторник наутро.

31-годишниот Јамајчанец ја заврши својата блескава атлетска кариера на неславен начин на СП во Лондон минатото лето, со бронза на 100 метри и со повреда во 4х100 метри штафетата. Тој во кариерата освои осум олимписки злата, а неговите рекорди на 100 и 200 метри остануваат актуелни.

Неговата врска со фудбалот е тука поодамна, по тренинзите со неговиот омилен клуб, Манчестер јунајтед, но и со Борусија Дортмунд во Германија.

Болт вели дека има професионален фудбалски договор! (видео)

Scroll to Top