Top Sport

Одлука за Јуве-Наполи на 9 ноември

Жалбата на Наполи за службената победа која Јувентус ја доби (3:0) за неодиграниот меч на 4 октомври ќе се разгледа на 9 ноември, а се очекува одлука во текот на истиот ден, јавува „Кориере дело спорт“.

Наполи не се појавија на мечот на „Алијанц стадионот“ на 4 октомври по двата позитивни тестови на КОВИД-19 (меѓу кој и на нашиот репрезентативец Елиф Елмас). Наполи играа против Џенова претходниот викенд, противник кој имаше 22 позитивни случаи по мечот. Во клубот тврдеа дека локалните здравствени власти им посочиле да не патуваат во Торино.

Јувентус доби 3:0 службена победа, а Наполи казна од 1 поен за непочитување на протоколот за КОВИД-19.

Scroll to Top