Top Sport

Со Роналдо е полесно – Јуве ја прекина лошата низа

Јувентус стигна до 4:1 победа на гостувањето кај новиот прволигаш Специја за да се прекине лошата низа од три меча без победа за „бјанконерите“ и да се одбележи враќањето на Кристијано Роналдо во тимот на Андреа Пирло по борбата со корона вирусот.

Алваро Мората уште во 14-тата минута ги донесе Јуве во водство, а десет минути подоцна повторно му беше поништен гол поради офсајд, но домаќините го шокираа шампионот во 32. минута кога Томасо Побега израмни на 1:1.

Ваква беше ситуацијата до 56. минута, кога во игра влезе Кристијано Роналдо на местото на Пауло Дибала, и само три минути подоцна по една убава топка на Мората, покажа што му недостасуваше на Пирло и донесе водство. Адриен Рабио во 67. минута доби долга топка од Федерико Киеза и постигна убав гол, за Роналдо во 76. минута да зголеми на 4:1 овојпат со гол од пенал.

Со победата Јуве се искачи на второто место на табелата со 12 поени, четири помалку од лидерот Милан.

Scroll to Top