Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ реши да потроши дел од заработените пари од Далас маверикс, купувајќи си куќа од 500 квадратни метри во Далас за 2.7 милиони долари, објавуваат американските медиуми.
Дебитантот на сезоната 2018/19, во јуни кога престануваше карантинот во Тексас, 21-годишниот Дончиќ ја „пазарел“ куќата која веб-сајтот „Кендисдирт“ ја прогласил за „најслаткиот дом“ во 2020.
Куќата со базен е изградена во 1984 година, но е целосно адаптирана за животот во 21. век, со нов покрив, проектор за надвор.