Top Sport

Пред 15 години Хуго Алмеида ја имаше најмоќната „ракета“ во ЛШ

Пред 15 години се постигна еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на шапионите, дело на фудбалерот на Порто, Хуго Алмеида.

На гостувањето на „Сан Сиро“ кај Интер, Алмеида изведе слободен удар од огромна далечина, а подоцна беше пресметано дека топката влегува во голот на Жулио Цезар со брзина од неверојатни 127 км/ч.

Алмеида тогаш имаше само 21 година и ова беше неговиот прв гол со кој даде водство од 1:0 на Порто, иако подоцна го загубија натпреварот со 2:1. Португалецот си замина од Порто следната сезона во Вердер Бремен, а подоцна играше и за Бешикташ, АЕК и Хајдук, а 36-годишниот ветеран уште е активен во португалскиот клуб Академика.

Scroll to Top