Во кариерата имаше доминантни партии, беше и со лош процент на шут и катастрофални слободни фрлања, но Шекил О`Нил во јавноста ќе остане запаметен како галантен господин кој знаел како да ги испочитува своите фанови.
Околу неговото име се поврзуваат многу контроверзи и анегдоти, а една од нив неодамна ја сподели со јавноста неговиот долгогодишен тренер во Лејкерс, Фил Џексон.
„Шек постојано правеше некои глупости, се со цел другите да ги насмее. Врвот беше кога на тренинг дојде потполно гол, само со патики на нозете. Сите бевме во шок, но тој се забавуваше“ рече Џексон.
Во кариерата освен дресот на Лејкерс, беше дел и од Мајами, Орландо, Феникс, Бостон и Кливленд.