Top Sport

Го платија 5, може да ги чини 22 милиони евра

Иако резултатите на Барселона се под нивото, навивачите на Каталонскиот клуб имаат причина за радост – појавата на млади талентирани играчи кои се иднина на клубот.

Цената на тинејџерот Педри кого Барса летово го доведе за 5 милиони евра (уште 1 милион со бонуси) сега расте на 22 милиони евра, открива „Марка“.

Според пишувањата на угледниот медиум, Барса ќе му плати уште 4 милиони евра на младиот играч доколку одигра 25 меча во првиот тим, небитно дали во Ла Лига, во Купот на кралот или во Европа. Досега веќе има 4 настапи затоа што се сметаат мечевите на кои поминал минимум 45 минути.

Наредните 2 милиони евра се на име на бонуси доколку тој заигра за селекцијата на Шпанија. Веќе е стандарден во У-21 селекцијата на „Фуријата“.

Scroll to Top