Борусија Дортмунд планираат да ги интензивираат преговорите со Марко Ројс за нов договор со клубот, вели спортскиот директор Михаел Цорк.
Германскиот репрезентативец има уште 18 месеци од договорот на „Сигнал Идуна парк“, а неодамна се врати по повредата на лигаментите на коленото, постигнувајќи два гола во последните два настапи, против Борусија Мехненгладбах и Аугзбург.
Според Цорк, 28-годишниот напаѓач не сакал да разговара за условите за нов договор додека не се врател на теренот, така што тој сега очекува брз договор.
„Сфаќаме дека Марко не сакаше да зборува додека е повреден, но сега е вистинско време за тоа“, вели Цорк за „Спорт Билд“.
Ројс, кој дојде во Дортмунд од Менхенгладбах во 2012 година, беше поврзуван со можен трансфер во Ливерпул, но неговиот агент потврди дека веќе разговарале со луѓето во Дортмунд. Тренерот на БВБ, Петер Штегер неодамна изјави дека Ројс е „неопходен“ за неговиот клуб.