Top Sport

Ковач во Монако ги сака Јовиќ и Брозовиќ

Тренерот на Монако, Нико Ковач, во јануарскиот преоден рок планира два големи трансфери во својот тим. Ковач ќе се обиде да ги донесе Марцело Брозовиќ од Интер и Лука Јовиќ од Реал Мадрид. Овие двајца, во еден период од летниот преоден рок, се поврзуваа со клубот од „малото кнежевство“.

Јовиќ, синоќа од клупата за резерви, ја гледаше победата на Реал над Интер (3:2), во Лигата на шампионите. Србинот чеврти пат во низа не доби шанса од тренерот Зинедин Зидан. Последне пат Јовиќ настапи за Реал против Шахтјор (2:3).

Лука Јовиќ, под водство на Ковач во Ајнтрахт, играше во врвна форма, која му го овозможи трансферот во Реал.

Наводно, Монако, има намера да го позајми Јовиќ на една или две години. Француските медиуми шпекулираат дека во Реал би ја прифатиле оваа опција.

Сонародникот на Ковач, Марцело Брозовиќ, против Реал беше еден од најдобрите играчи на Интер. Сепак, Антонио Конте сака да се ослободи од него, бидејќи знае да прави проблеми надвор од фудбалските терени.

Scroll to Top