Промотерот Еди Херн потврди дека неговиот клиент, ВБА, ИБФ и ВБО шампион, Ентони Џошуа ќе влезе во рингот со Украинецот Олександер Усик во 2021 година доколку не успеат да договорат меч со Тајсон Фјури за следното лето.
31-годишниот Џошуа (23-1, 21 КО), прво ќе ги брани титулите против бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев на 12 декември, и иако има договор со Фјури за два меча во 2021 година, ништо не е сигурно. Фјури (30-1-0, 21 КО), носителот на ВБЦ титулата, нема боксувано откако го нокаутираше Дионтеј Вајлдер во февруари и бара противник за во декември.
Херн вели дека дека ако Вајлдер побара трет меч со Фјури, за што има право според договорот, Џошуа ќе се задоволи со меч со Усик, кој во саботата импресионираше со победата на Дерек Чизора.
„Фокусот е на мечот со Пулев, а потоа на два меча со Тајсон Фјури, но ако тоа не е возможно, тогаш ВБО предизвикувач е Усик. Очекувам тужба од Вајлдер за Фјури, така што ние ќе мораме да си го тераме нашиот бизнис“, вели Херн.
Усик со убедлива победа над Чизора се промовираше во кандидат за титулите