Top Sport

Усик со убедлива победа над Чизора се промовираше во кандидат за титулите

Украинецот Олександер Усик со одличен меч го „растури“ Дерек Чизора на „Вембли“ за победа на поени по 12 рунди за да стане кандидат за една од титулите во тешка категорија.

Поранешниот апсолутен шампион во крузер категорија и ексолимписки шампион, доминираше во 12 рунди против Британецот, а во седмата рунда беше блиску до нокаут, пред да победи со 117:112, 115:113 и 115:113.

„Целта е да се стане шампион во тешка категорија. И тоа апсолутен шампион“, изјави Усик по победата.

Иако на „Вембли“ немаше гледачи меѓу гостите на мечот беше ВБА, ВБО и ИБФ шампионот Ентони Џошуа, и сега Усик останува прв предизвикувач за ВБО појасот на Британецот.

Scroll to Top